Подготвени за промени? Вашиот следен паметен телефон веројатно ќе биде застрашувачки…

0

Следната генерација на паметни телефони многу е веројатно дека ќе вклучува и вештачка интелигенција, а тоа колку и да звучи напредно, сепак е и малку повеќе застрашувачко.

Ако помисливте на виртуелните помошници како Siri, Alexa и Cortana, тие се всушност само почеток во целата оваа приказна. Вештачката интелигенција кај виртуелните помошници е толку напредната што сега се наоѓа буквално на “километри” од изворната Siri. На пример, Honor Magic, којшто е изграден од кинеската компанија Huawei, а којшто е веќе во продажба во Кина, ќе ви даде предлози врз основа на вашите текстуални разговори.

“Супертелефонот”, како што компанијата го нарекува, ќе види дека сте испратиле порака до вашиот пријател во врска со гледање на одреден филм, па ќе ви предложи време на прикажувања во локалните кино сали.

Директорката за истражувања во Gartner, Роберта Коза, во својот извештај потенцирала и како начинот на којшто луѓето меѓуебно комуницираат со нивните телефони драстично ќе се промени.

– Предвидуваме дека до 2019-та година, 20 отсто од сите интеракции кај паметните телефони ќе бидат обавени преку виртуелниот личен асистент (VPA). Тоа значи дека начинот на којшто ќе стапуваме во интеракција со нашите најлични уреди (паметни телефони), ќе се промени во текот на следните неколку години. Ќе продолжиме да ги употребуваме тие уреди, но интеракцијата ќе стане поинтуитивна и покорисна, тврди таа.

Како пример таа го наведува моменталното користење на виртуелниот помошник, на кого корисникот му дава упатства, односно бара од помошникот за тој нешто да направи. Во иднина самиот уред, односно виртуелниот помошник ќе донесува одлуки и ќе реагира во името на корисникот.

Сепак, освен што во нашите “супертелефони” ќе бидат сместени нашите најдобри пријатели (виртуелни помошници), и самиот дизајн на телефоните би требало да биде променет.

Предвидувањата во врска со идниот изглед на паметните и супертелефоните звучат како нешто излезено директно од научната фантастика. Виртуелна реалност вградена во очила, леќи или пак уред намален до димензии на чип и вграден во нечие тело?!

Но, во која и насока производителите на паметни (супер) телефони и да тргнале, можеме да бидеме сосема сигурни дека телефонот во иднина нема да биде само “уред”. Тој и навистина ќе стане дел од нас, во буквална смисла на зборот.

Сподели.


Коментарите се затворени.