Преку славата се борел за животот на неговиот татко: Еве како изгледа “Успешното дете” денес

0

Откако станал славен, Сем добивал понуди да се појавува во реклами и телевизиски проекти, но тој тоа го одбил. Интересно е тоа што тој нема ни профил на социјалните мрежи.

Детето Сем Гринер (10) на само 11 месеци стана вистински вирален феномен на социјалните мрежи. Тогаш неговата мајка го фотографирала на плажа во Флорида, кога сакал да проголта цела дланка песок, а таа фотографија веднаш го освоила Интернетот.

Неговата фотографија со наслов “Успешно дете” и понатаму се користи со цел да се искаже успех во секојдневниот живот. “Успешното дете” со стисната шака и задоволен поглед предизвика многу позитивни коментари ширум светот како бебе кој е симбол на среќата.

Поминаа точно десет години од тој пресуден момент, а со цел да го прослават јубилејот, мајката го фотографирала Сем на истата плажа и во истата поза, само што детето овој пат не сакало да јаде песок како на првата фотографија.

Откако станал познат, Сем добил проекти да глуми во реклами и телевизиски проекти, но тоа го одбил. Интересно е тоа што тој нема ни профил на социјалните мрежи.

Пред две години, Сем ја искористил славата за да му помогне на својот татко, со цел неговата фамилија да собере пари за трансплантација на бубрег, пренесува exitos909.fm.

Само за една недела, тие собрале 73 илјади евра, што е за 20 отсто повеќе отколку што им било потребно за лекување.

“Мојот маж се врати во живот и сега се надева на подобра иднина за Сем. Остатокот од нашите животи не е доволен за да им се заблагодариме на сите”, вели мајка му на Сем.

Сподели.


Коментарите се затворени.