Мислеле дека премијата на лото им донела среќа: Пет добитници кои го искусиле проклетството на незаработените пари!

0

Парите ретко носат среќа, а најдобар пример за тоа се судбините на луѓето кои добиле големи премии на лотарија и по правило сите ги потрошиле, а животот го завршиле бедно.

Дејвид Ли Едвардс

Откако минал добар дел од животот во затвор, на Дејвид Ли Едвардс му се насмеала среќата и добил 21 милион долари на џек пот во 2011. година. Сепак, среќата траела кратко, бидејќи ги потрошил парите на дрога, спортски автомобили и авион. По пет години повеќе немало пари, па продавал работи за да ги врати долговите и да купи дрога. Умрел сиромашен и сам, а по смртта бил кремиран бидејќи неговото семејство немало средства за погреб.

Мајкл Керол

Иако бил мудар, па дури и основал инвестициски фонд, тоа не му помогнало на Мајкл Керол да се спаси од банкрот. Пред на британската лотарија да добие 10 милиони фунти, работел како ѓубретар. На 19 години ги добил премијата и прекарот “крал на ѓубретарите”. Откако ги потрошил парите на дрога, забави, накит и автомобили, морал да се повлече од инвестицискиот фонд од 4 милиони долари. Поради тоа платил пенали и банкротирал. Потоа се пријавил на својата стара работа. Моментално работи во фабрика за кекс и заработува 204 фунти неделно.

Кога добил 10 милиони канадски долари, Џералд Масвагон не очекувал дека неговиот живот ќе заврши. Таа 1998. година, п освојувањето на наградата на сите пријатели и членови на семејството им купил телевизори и автомобили. Работата со дрва му пропаднала, а поради честите сексуални престапи и брзото возење имал проблеми со законот. Ги потрошил сите пари па ги издржувал децата со помош на државата. Во 2005. година се обесил во гаражата на своите родители.

Вили Харт

Во 1991. година добил 3,1 милион долари, а две години подоцна бил без пари. Тој прифатил наградата да му се исплаќа во рати за 20 години, а сите пари ги потрошил на дрога. Се развел од сопругата а бил и обвинет за убиство.

Сузан Малинс

Во 2004. година добила 4,2 милиони долари. 11 години подоцна жителката на Вирџинија не само што била банкрот, туку и била во долгови. Должела 150.000 долари на компанијата која и позајмила пари на основа на идни добивки. По закон не можела да ги земе сите одеднаш. Кратко по добивката нејзиниот син се разболел, па таа морала да ги плати болничките трошоци од милион долари.

Сподели.


Коментарите се затворени.