Приказната за последната “вештерка” во Европа – “мамец” за многу туристи

0

Еден швајцарски музеј го посветил својот простор на “последната убиена вештерка во Европа”, Ана Голди.

Во кулата Хангитурм во Гларус, минатата недела беше свечено отворен музеј, посветен на Ана Голди, кој освен со нејзиниот лик и дело, се бави и со други теми, вклучувајќи и заблуди за вештерките, но и моќта на Швајцарија во моментот на нејзината смрт.

Приказната за Ана Голди е многу интригантна и потресна. Новинарот и адвокат Валтер Хаусер, кој најмногу помагал да се симне срамното и морално обележје од нејзиното име, истакнува дека токму оваа жена е причината поради која многу туристи го посетуваат овој град во источна Швајцарија. Како што вели тој, нејзината приказна содржи сè што е потребно – љубов, моќ, интрига и смрт.

Ана се родила во сиромашно семејство во октомври 1734. година. Во 31-та година од нејзиниот живот, но во текот на првата ноќ од животот, детето починало од задушување. Голди била обвинета за убиство на своето дете, а со тоа била ставена на столбот на срам.

Таа побегнала во Гларус, каде пронашла работа кај богат земјопоседник, а таму започнала врска со неговиот син и добила вонбрачно дете. Бидејќи не била во можност да го задржи детето, Голди прифатила да работи како слугинка во домот на локалниот судија Џоан Џејком Шуди. Недолго откако ја започнала новата работа, една од ќерките на судијата нашла игла во своето млеко. Голди ја прифатила вината и ја напуштила работата. Само 18 дена откако ја напуштила областа во која работела, ќерката тврдела дека почнала да повраќа игли.

Јавноста верувала во приказната дека Голди ја проколнала девојката, а судијата наложил да ја уапсат Ана. Неколку членови на семејството на судијата сведочеле против неа, а сметајќи дека е вештерка, тие и врзале камења околу нозете и ја терале да признае. Под притисок и под голема болка, таа го направила тоа, а убиена е во 1782. година.

Иако тогаш тоа било скандалозна одлука за една држава како што е Швајцарија, во 2008. година парламентот на Гларус го тргнал лошото морално обележје од Голди. Неодамна пронајдените докази сугерираат дека судијата имал афера со Ана, што во тоа време многу би го нарушил неговиот углед, па затоа се претпоставува дека имал добар мотив да ја убие.

Музејот посветен на Ана Голди ќе биде отворен од април до октомври, поточно од среда до петок од 13 до 18 часот, а картата ќе изнесува 10 франци.

Сподели.


Коментарите се затворени.