Завршена една третина од изградбата на штипската обиколница

0

Завршени 30% од градбата на штипската обиколница. На терен машините работат интензивно, а парлелно со ова, компанијата „Актива“ работи на изградба на мостот долг 56 метри, кој ќе биде поставен од двете страни на Брегалница :

  • „Актива“ тоа го прави многу професионално, стопите веќе се градат интензивно, насипот во делот од „Борис Крајгер“ спрема реката Брегалница е завршен. Завршен е и насипот од улицата „д-р Слободан Јовановски“ спрема Касарната, до Баргала, објасни Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Овие градежни активности ќе бидат завршени за неколку недели, по што следува и комплетно уредување на целата обиколница :

  • Следува значи тампонирање, поставување на ивичњаци и нормално асфалтирање. Пред ова, ќе биде монтиран самиот мост, рече Захариев.

Ова е прва фаза од големиот проект за изградба на обиколница во Штип и растеретување на сообраќајот во централното градско подрачје. Но, плановите на општина Штип не завшруваат овде :

  • Наша следна фаза е продолжување на улицата „Вељко Влаховиќ“ до бањата Кежовица, каде ќе имаме проширување на мостот на реката Брегалница, истакна Захариев.

За реализација на проектот обиколница, Штип обезбеди средства во висина од 590.000 евра или околу 36,5 милиони денари. Првично, обиколницата беше проценета на 57,7, милиони денари, но цената беше значително намалена на јавното наддавање.

Сподели.


Коментарите се затворени.