Крадци подметнале пожар во стан во Штип

0

Да се направи штета по секоја цена. Оваа психологија на дело ја покажале крадци во Штип кои откако не успеале да украдат ништо од стан во центарот на градот, одлучиле истиот да го запалат. Со помош на хартија и запалка, пожарот го подметнале под креветите во детската и спалната соба, по што побегнале.

Полициската истрага утврдила дека во текот на ноќта, непознати сторители со употреба на сила и алат ја искршиле балконската врата, влегле внатре во станот, го пребарување, а потоа иго запалиле.

Во Станот кој бил мета на крадците и запален, во моментов не живеел никој, што овозможило неконтролирано ширење на огнот. Станот е сместен во стара зграда, па голема среќа е што пожарот не се проширил и на останатите станови.

Брзата интервенција на пожарникарите , спречила понатамошно ширење на огнот, но внатрешноста на станот е сериозно оштетена:

  • Во раните утрински часови добивме дојава з апожар. Интервениравме со едно возило и четворица пожарникари и пожарот е изгаснат за час и половина. Има материјална штета, но истата се уште не е утврдена, кажа Јонче Манојлов, командир на ТППЕ – Штип.

Сопствениците денес го расистуваа станот и  не дозволија снимање внатре, а полицијата работи на расчистување на случајот.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.