Предвидел три војни, но и една кој допрва не чека: Пред 23 години рекол дека војната со Северна Кореја ќе биде полоша од Холокаустот

0

Рабинот Леви Садиа Нахмани уште во 1994. година предвидел дека војната помеѓу САД и Северна Кореја ќе го турне светот во апокалипса.

Ова страшно пророштво во тоа време делувало неверојатно, бидејќи Северна Кореја немала ни нуклеарки, нити претставувала закана за било кој освен за Јужна Кореја.

Повеќето Евреи се плашеле од Иран, Ирак под Садам Хусеин, Либија под Моамер Гадафи или Сирија.

Но, Нахмани предупредил: “Знаете ли што ќе се случи? Кореја!”. Ова пророштво било снимено во декември 1994. година.

Со Северна Кореја тогаш владеел Ким Јонг Ил, татко на сегашниот лидер Ким Јонг Ун. Неколку месеци претходно починал Ким Ил Сунг. Земјата се обврзала дека нема да прави нуклеарно оружје дури во 1985. година.

Сепак, никој не ги сфаќал сериозно, додека не ги извршиле ракетните проби минатата година.

Рабинот Нахмани рекол – ова ќе биде полошо од Холокаустот.

Дека неговите зборови треба да се сфатат сериозно покажува и фактот дека погодил две израелско-арапски војни, како и првата Заливска војна.

Тој Кореја ја прогласил за почетно место на Армагедон од една бизарна причина – главниот град на Јужна Кореја, Сеул, на хебрејски се изговара Шеол – или во превод – пропаст.

Сподели.


Коментарите се затворени.