Кој е најубавиот маж на светот според овој древен грчки метод?

0

Познатиот пластичен хирург Џулиен де Силва од Лондон направи пресметка на најубавото лице на светот користејќи го древниот грчки метод за идеалната убавина и технологија за мапирање на лицето.

Секако, во нејзиното истражување ги вклучи познатите мажи кои важат за едни од најубавите во светот, како Бред Пит, Дејвид Бекам, Џорџ Клуни, Бредли Купер, Хари Стајлс и други.

Технологијата го мери соодносот меѓу веѓите, носот, усните, вилицата и големината на главата.

Де Силва тврди дека овој „златен сооднос“ добиен од комбинацијата на грчкиот идеал за убавина и современото мапирање резултира со најсовршено убавото машко лице.

Според нејзините пресметки, најблиску до идеалот е холивудскиот актер Џорџ Клуни со 91,86%, а листата десет најубави мажи ја заокружуваат:

1. Џорџ Клуни 91.86%

2. Бредли Купер 91.80%

3. Бред Пит 90.51%

4. Хари Стајлс 89.63%

5. Дејвид Бекам 88.96%

6. Вил Смит 88.88%

7. Идрис Елба 87.93%

8. Рајан Гослинг 87.48%

9. Зејн Малик 86.5%

10. Џејми Фокс 85.46%

„Џорџ Клуни со децении се смета за еден од најубавите мажи на светот и прекрасно е што сега можеме научно да го потврдиме тој факт. Тој има прекрасна симетрија на лицето и е најблиску до идеалот за совршено убав маж според древните Грци. Тој има речиси совршен сооднос меѓу носот и устата од 99,6 %, а соодносот на очите и брадата исто така му се речиси совршени“, вели Да Силва.

56-годишниот актер доби највисоки оцени по 12-те клучни маркери во истражувањето.

Сподели.


Коментарите се затворени.