Зошто луѓето денес имаат помалку секс од порано?

0

И покрај сексуалната револуција и рушењето на сите табуа, на Западот секс има се помалку.

Според истражувањето објавено во Archives of Sexual Behaviour, Американците после 2010 година во просек имале девет сексуални односи помалку отколку во деведесеттите години.

Националното истражување за ставовите и навиките во сексот спроведено во Велика Британија покажало дека Британците исто така станале помалку сексуално активни и дека луѓето на возраст помеѓу 16 и 44 години, наместо 6,3 пати претходно, сега во просек водат љубов помалку од пет пати месечно.

Во Јапонија, 46% од жените и 25% од мажите на возраст помеѓу 16 и 25 години, воопшто немаат секс.

Кои се причините?

Се смета дека една од причините е порно индустријата, која станала замена за реалниот живот. Некои ги обвинуваат друштвените мрежи и сметаат дека можат да го намалат интересот за секс.

Некои ја обвинуваат стресната работа, бидејќи стресот и исцрпеноста можат да влијаат на сексуалната желба. На ова се надоврзува и фактот дека западните општества во последните децении претрпеа епидемија на ментални пореметувања како депресија и анксиозност.

Очигледно, причините се повеќе: стресот и незадоволството од работата, општествената несигурност, зависноста од технологијата и краткотрајните уживања, кои во наредниот период сигурно ќе ја изменат општествената динамика на глобално ниво. Какви ќе бидат последиците, допрво ќе видиме.

Сподели.


Коментарите се затворени.