петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПо вистинската пролет во зима која ќе трае најмалку до 10 февруари...
spot_img

По вистинската пролет во зима која ќе трае најмалку до 10 февруари – враќање на зимата од средината на овој месец?

Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени. Ќе има места каде температурата ќе достигне дури и до 20 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со значителен пораст на температурите за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица.

  • Судејќи барем според моменталните анализи со кој располагаме, враќање на зимата и на снегот во Европа, Балканот и во Македонија очекуваме по 10 февруари, па така од средината на овој месец, па се до крајот на истиот треба да биде постудено од вообичаеното со потпросечни температури на воздухот, што значи дека слободно можеме да кажеме дека далеку сме од тоа да и кажеме збогум на зимата.

    За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ