Овие три знаци можат да ја освојат секоја жена, но не и да и’ останат верни!

0

Дали сте подготвени да ризикувате со нив?

Постојат типови на мажи кои ги привлекуваат речиси сите жени – но со нив рака под рака оди и еден проблем – доколку им се привлечни на сите жени, многу е логично дека тешко ќе успеат да и’ останат верни само на една.

strelecСТРЕЛЕЦ

Со нив владее Јупитер, планетата на среќата и шансите. Поради тоа стрелците имаат тенденција да го отстранат секој ризик од својот ум и никогаш не пресметуваат дали со својот потег повеќе добиваат или губат. Како муви без глави влетуваат во опасни ситуации и се потпираат на чиста среќа, а среќата најчесто и ги следи. Секогаш кога ќе го остварат она што го планираат веднаш се впуштаат во потрага по нова авантура и ретко која дама може да ги задржи.

ovenОВЕН

Овните се полни со самодоверба и поради тоа веруваат дека можат да го совладаат секој предизвик. Тие гледаат можност кадешто сите други гледаат неуспех, а такви се и кога станува збор за љубовните врски. За разлика од стрелците кои без размислување се впуштаат во авантура, овните прво ќе седнат и ќе размислат што можат да добијат, а што да изгубат. Доколку проценат дека повеќе добиваат – ништо не може да ги спречи да се фрлат во кревет со посакуваната нова дама.

skorpijaСКОРПИЈА

Листата не би била комплетна без овој мрачен карактер. Дамата која е во врска со скорпија никогаш нема да може да биде стопроцентно сигурна дека нејзиниот партнер и’ е верен. Скорпијата оди на се’ или ништо и кога ќе се затрча кон вонбрачна авантура ретко кога тоа останува само “авантура” туку најчесто преминува во паралелни врски. Во прељуба ги турка нивната страст за освојување и конкуренција но исто така и нивната тенденција ранливата страна да ја покриваат со нови освојувања.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb