Зошто не успевате во љубовта, судејќи по Вашиот хороскопски знак?

0

Во романтичните врски, често ги правите исти грешки или ги одбирате погрешните личности, и тоа го правите по истото сценарио.

Карактеристиките подолу, кои се дел од Вашиот хороскопски знак Ве спречуваат да остварите успешна љубовна врска. Погледнете каде грешите:

Овен

Премногу екстремни личности со добри и лоши особини. Страсни во љубовта, но и тврдоглави и напорни. Вашата овновска енергија може да делува одбивно за некој кој прв пат Ве запознава. Најдете партнер кој ќе Ви парира во оваа карактеристика.

Бик

Биковите имаат проблеми со комуникацијата. Со Вас, понекогаш е многу тешко да се разговара отворено, посебно ако сте критикувани – тоа е како да се зборува “на ѕидот”. За да бидете успешни во врската, пробајте да комуницирате поотворено.

Близнаци

Близнаците имаат проблем со идентитетот. Тие не можат да сфатат и одлучат кои се и што се, а тоа во една врска делува вознемирувачки и деструктивно. Што побрзо се откриете себеси и постигнете интегритет во Вашата двојна природа, толку подобро ќе се чувствувате покрај партнерот.

Рак

Вие сте многу чувствителни! Тоа не е лошо, но некогаш знаете претерано да реагирате на работи кои не се толку важни. Повеќе време одвојувате, мислејќи зошто бившиот не Ви одговара на пораките, отколку да се посветите на запознавање на нови луѓе – а тоа не е баш продуктивно.


Лав

Луѓето лесно се заморуваат од “пумпање” на Вашето его. Тоа можеби делува симпатично на почеток, таа Ваша потреба за пофалби. Но, со текот на времето, Вашиот партнер се заморува и се прашува каква улога има тој во врската. Морате да научите да правите разлика помеѓу желбата да бидете ценети и желбата постојано да Ви се ласка.

Девица

Затоа што се строги кон себе, Девиците не се наклонети ни кон другите. Перфекционизмот нема да Ви донесе добро во врската. Дури и да сретнете некој кој доволно Ви се допаѓа, нема да можете да се воздржите од наоѓање маани. Добро е да се има одредени стандарди, но невозможни – не.

Вага

Толку сте зафатени со донесување на логични одлуки, што просто луѓето Ви се чудат. Зачинете го малку животот, пробајте да живеете импулсивно и непромислено – тоа се нарекува спонтаност. Љубовта не подлежи на рационални правила.

Шкорпија

Вашите врски често водат кон пропаст поради фактот што сте склони да му ја одгризете главата на партнерот. Фигуративно или буквално, и едното и другото ги уништува Вашите шанси да постигнете компромис во врската и да бидете среќни.


Стрелец

Во прв план е Вашиот неоснован страв од врзување. Љубовта е возбудлива, Вие сте возбудлива и забавна личност, но кога треба да се врзете и да понудите некоја гаранција за стабилност, во Вас се јавува нагон за бегање. Со тоа ги расипувате добрите односи кои сте ги изградиле со текот на времето.

Јарец

Извинете, но Вие сте здодевни! Тоа не значи дека имате здодевен живот и немате што да понудите, туку дека не можете да се прилагодите во врската. Ако партнерот од Вас бара одредени промени во распоредот или да го ставите на прво место, од Вас се бара невозможното. Бидете пофлексибилни.

Водолија

Вам толку Ви е тешко да се одлучите што чувствувате, што кога конечно ќе сфатите – “отишол возот”. Имајте едно на ум – никој нема да Ве чека засекогаш.

Риби

За рибите велат дека се вистински романтичари. Ако љубовниот живот не ги исполнува Вашите фантазии (што најчесто е така), Вие сте длабоко разочарани. Престанете да се обидувате да ја остварите врската од соништата и дајте им шанса на реалните односи – вклучувајќи ги обичните и здодевни моменти со вистинската личност.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb