Пред-есенска колекција: Balmain предлага класични силуети

0

Францускиот бренд Balmain не престанува да изненадува со своите совршени кроеви, кои овојпат се прикажани во пред-есенската колекција за 2017. година.

Промовирајќи го новиот lookbook наречен “Signature Balmain”, е претставена облека за преодната сезона. Така, во овој каталог ќе пронајдете скроени сакоа со карактеристичниот дезен Prens de gal, што е вид на ткаенина со коцкаст дезен кој се преклопува со линии во основен дезен. Овој принт го добил своето име по кралот Едвард од Велс, кој прв го направил овој дизајн популарен. Prens de gal најчесто се користи за изработка на машки костуми, но и за женски одела и капути.

Balmain за преодната сезона го претпочита овој дезен, како и уште еден друг – тартан, карактеристичната црвена шкотска шара. Кога овие материјали ќе се надополнат со златни или сребрени морнарски копчиња, резултатот е чисто совршенство. Оваа модна куќа покажува како можете да ги комбинирате различните дезени, а тоа да не изгледа пренападно. Карираното Prens de gal сако може да се носи со џинс и салонки или во комбинација со здолниште.

Француската модна куќа дала и неколку предлози за мини фустани и панталони кои се одличен избор за оваа меѓусезона.

Сподели.


Коментарите се затворени.