Кежуал комбинации кои се идеални за постигнување на деловен изглед

0

Доколку немате строго одреден дрес код кога е во прашање работата, тогаш имате бројни можности да го направите Вашиот изглед поинтересен и попривлечен.

Освен тоа, кога се чувствувате добро во она што го носите, односно кога се чувствувате добро во “своја кожа”, ќе Ви биде многу полесно да го достигнете успехот и зацртаните цели.

Затоа, во продолжение Ви претставуваме неколку кежуал комбинации кои се идеални за работното место, бидејќи истите се одликуваат со доза на професионалност и деловност.

Оделата не секогаш мора да бидат дел од Вашите комбинации кога ќе тргнете на работа, некој деловен состанок или ручек, бидејќи доволно сериозно можете да изгледате и без нив. Одберете чино панталони кои ќе ги искомбинирате со некоја опуштена кошула, поло маица или лежерна јакна. Тоа секако може да биде тексас или кожна јакна или некој кардиган кој ќе ја преземе истата функција.

Искомбинирајте ги Вашите одела со интересна тексас кошула, измешајте сако и панталони од различни комбинации, носете ги со некои опуштени џемпери и наместо елегантните кошули, облечете маица, кошула или дуксер во лежерна варијанта.

Најновите трендови предлагаат мешање на стиловите – стилистите советуваат спојување на парчиња облека како што се кошулите со спортските дуксери, или спортски дуксери со сако и елегантни аутфити.

Доколку сте љубител на “старомодните” деловни комбинации кои се секогаш во тренд, одлучете се за панталони и елегантно или лежерно сако во комбинација со кошула или џемпер. Секако, во тој old fashion изглед можете да вметнете и некој од последните трендови, како што се спортските патики кои сè почесто можеме да ги забележиме како дел од ваквиот стил.

Сподели.


Коментарите се затворени.