7 модели на чевли кои секој маж треба да ги поседува

0

Модните трендови се појавуваат и исчезнуваат, но постои нешто поврзано за класичните чевли што им помогнало да го издржат временскиот тест.

Без разлика дали датираат од викторијанската ера или периодот пред тоа, чевлите кои овојпат Ви ги претставуваме имаат длабоки корени и истите докажуваат дека со креирањето на комбинации кои се секогаш популарни, можете да им се спротивставите на краткотрајните трендови и наместо тоа да креирате стил со класични парчиња.

Во продолжение, Ви претставуваме седум најзначајни модели на чевли во историјата на машката мода, како и нивните луксузни варијанти кои до ден-денес и засекогаш ќе бидат вредна инвестиција.

Brogues

Познати по своите интересни перформации, Brogues чевлите се класика која може да се комбинира со одело или со опуштена кежуал облека. Можеме слободно да кажеме тие се чевлите кои мора да ги поседува еден урбан маж, иако имаат прилично скромно потекло, кое нè води назад во руралните делови на Шкотска и Ирска од 19-тиот век. Перфорациите кои сега ги красат како совршени детали, имале друга цел покрај декоративните – чевлите биле прободени, така што водата можела да се исцеди надвор од нив. Модерната интерпретација на овој модел се чевлите Corthay Ike Derby, кои чинат 1.950 долари.

Wingtip

Wingtip чевлите се карактеристични по својата заоблена W форма на самиот врв, која нè потсетува на крилја на птица во лет. Токму така и го добиле своето име. Овој ефект може да биде суптилен или впечатлив со додавање на украси, а се постигнува преку специјален процес. Најдобар претставник на овој модел се Medallion Wightip Derby J.M. Weston, кој чини 1.035 долари и претставува модерно повторување на традиционалното лежерно парче.

Chelsea чизми

Патентирани во 1850. година од страна на чевларот на кралицата Викторија, J. Sparks Hola, дизајнот на Челзи чизмите е без конци, но се држат на стапалото со помош на еластичните страни. Овие чизми до глужд, својот најдобар период го имале во шеесеттите години кога ги носеа членовите на групата Beatles. Од тогаш, нивната популарност не е намалена, но многу модерни брендови ги префрлија во сферата на луксузот. Чизмите Newmarket Chelsea на Едвард Грин чинат 1.470 долари, а се направени од издржлива темна кожа.

Smoking Slipper

Познати и како Алберт, овие мокасини првпат се појавиле во текот на 1800-тата година, како пар удобни чевли за по дома. Денес, тие се претворија во модел кој има свои посебни карактеристики – горниот дел е од велур и тенка постава. Овие измени ги барал принцот Алберт, а веројатно и поради тоа, денес претставуваат синоним за луксуз. Моделот George Cleverley Skeleton on Bike чини 420 долари и е идеален претставник на оваа категорија, а исто така, тие можат да бидат во целост персонализирани, со цена од околу 4.000 долари.

Dress Sneaker

Како најмлад стил на нашата листа, патиката своето деби го имаше во целосна форма во 1917. година, кога брендот Converse All Stars ги претстави своите модели. До крајот на дваесеттиот век, не постоело луксузна понуда на овие опуштени модели, кои од спортските терени се префрлија во конференциските сали за состаноци. Денес, постои голем асортиман на луксузни и елегантни патики. Еден модел кој посебно се издвојува доаѓа од брендот Bally, а станува збор за Helvio кој чини 500 долари, а има конструкција од гума и кожа, како и врежани детали.

Espadrille

Еспадрилите настанале пред околу осумстотини години во Баскија, како лесни чевли за пешадија, свештеници и танчери. Тие имаат нежна памучна или ленена конструкција со надворешен ѓон од ткаено јаже. Современите верзии на овој модел, како А. Testoni од велур се со цена од 550 долари, а се многу модерен додаток на летната гардероба.

Sandal

Сандалите се најстариот модел на чевли не само на оваа листа, туку и во целата историја на човештвото. Грците носеле модели направени од дрво и кожа, египетските биле креирани од папирус, а денес има безброј варијанти во кои можете да уживате. Едни од најдобрите модерни интерпретации се секако Tod’s, кои чинат 500 долари и се направени од кожа.

Сподели.


Коментарите се затворени.