Porsche нема да оди на суд, на клиентите ќе им купува очила за сонце

0

Во една од најнеобичните вонсудски спогодби, Porsche се обврза на сопствениците на одредени модели од овој бренд во САД да им исплати пари – за очила за сонце.

Вонсудските спогодби не се реткост ниту во автомобилската индустрија, со оглед на тоа дека и на производителите на автомобили им е важно проблемите со купувачите да ги решаваат без многу врева и одолговлекување. Сепак, деталите од една таква спогодба стигнаа и до јавноста.

Скоро и да сме навикнати во слични спорови да се зборува за износи, изразени во илјадници или десетици илјади долари, евра и слично. Сепак, договорот кој бил постигнат помеѓу Porsche и членовите на едно американско здружение на сопственици на автомобили од овој бренд, подразбира и парична компензација во износ помеѓу 50 и 175 долари, пишува Motor Trend.

Звучи неверојатно, но наведената сума ќе им биде исплатена на сопствениците на Porsche за купување на очила за сонце.

Имено, споменатото здружение поднело тужба против германскиот производител бидејќи командната табла на автомобилот рефлектирала премногу светлина на ветробранското стакло и на тој начин ги заслепувала возачите. Во тужбата се наведува дека овој проблем може да влијае на безбедноста при возењето и да предизвика сообраќајна несреќа.

Иако Porsche во своето соопштение вели дека поради ова не е забележана ниту една несреќа во САД, сепак се согласуваат на сопствениците на автомобилите да им отплаќаат одредена сума на пари, со цел да си купат квалитетни очила за сонце и да се заштитат од рефлексија.

Право на надомест во износ од 50-175 долари имаат сопствениците на Porsche во САД, кои купиле модели од овој бренд во периодот од 2007. до 2016. година, но под услов ентериерот да биде изработен во една од следниве бои: Cognac, Luxor Beige, Natural Brown, Platinum Grey или Sand Beige.

Сподели.


Коментарите се затворени.