Каде живеат, со што се занимаваат и како изгледаат најмоќните жени на планетата?!

0

Тие се симбол за успех и слава.

Веб-страницата “Bright Side” открива за кои жени станува збор.

1. Лилијан Бетанкурт (94), Франција

Најбогатата жена на светот моментално е 94-годишната Лилијан Бетанкурт, сопственичката на поголемиот дел од акциите на познатата “фабрика за убавина”, француската компанија за козметика L’Oreal. Иако таа длабоко зачекори во десеттата деценија од својот живот, Лилијан се уште вредно работи, а ја поседува и својата хуманитарна фондација. За своите години можеме да кажеме дека изгледа фантастично! Нејзиното богатство моментално се проценува на околу 43,1 милијарди долари. Живее во Франција.

2. Алис Валтон (67), САД

Втора на листата спред богатство е Алис Валтон, која тежи 38,7 милијарди долари. Таа е единствената ќерка на основачот на Волмарт, Сем Валтон. Алис обожува уметност, па дури има и своја приватна уметничка колекција. Полна е со пари и ужива во нив – има ли нешто подобро од тоа?

3. Сузан Клатен (55), Германија

Трета на нашата листа и првата најбогата жена во Германија. Таа успешно го води својот бизнис, а слободното време го поминува со семејството. Таа е сопственичка на фармацевтска компанија, а заедно со својот брат поседуваат половина од акциите на BMW. Нејзиното богатство се проценува на 22,5 милијарди долари.

4. Лорин Пауел Џобс (53), САД

Лорин Пауел Џобс не е само вдовицата на Стив Џобс, еден од основачите на “Apple”, туку и самата е искусна деловна жена и великодушна личност позната по големите добротворни акции. Нејзиното богатство моментално се проценува на околу 20 милијарди долари.

5. Шарлота Казираги (31), Монако

Младата Шарлота е осма по ред за престолот на Монако. Внуката на славната Грејс Кели работи како новинарка, а слободното време го користи за да јава коњи. Се чини дека Шарлота, покрај кралското богатство го наследила и изгледот на својата холивудска баба. Нејзиното богатство се проценува на 5,7 милијарди долари.

6. Панси Хо (54), Кина

Панси Хо е ќерката на Стенли Хо, кинескиот милијардер познат како “Кралот на коцката”. Панси е најбогата од 17-те деца кои ги има Хо со четири различни жени. Нејзиното богатство се проценува на 3,4 милијарди долари.

7. Иванка Трамп (35), САД

Иако најстарата ќерка на Доналд Трамп би можела да смета на парите од нејзиниот татко и да живее удобен и безгрижен живот, Иванка одлучи да стане успешна, независна, бизнис-жена. Таа поседува неколку компании, често се појавува на ТВ, дури и пишува книга. И покрај зафатениот распоред секогаш наоѓа време за себе и своето семејство. Нејзиното богатство се проценува на 740 милиони долари.

8. Шеика Моза бин Насер (58), Катар

Нејзиното височество Моза е сопруга на поранешниот Емир на Катар, и мајка на моменталниот. Таа се смета за моќта зад тронот на оваа држава и личност одговорна за модернизирање и подобрување на дипломатските односи на Катар со западниот свет. Таа е мајка не пет сина и две ќерки, а нејзиниот втор син, принцот Тамим бин Хамад Ал Тани, е моменталниот Емир на Катар а воедно и најмладиот монарх на трон во светот.

Моза е психолог по професија, има седум докторати зад себе, и работи на дипломатијата во нејзината држава и е специјален претставник на UNESCO, кој се залага за доближување на високото образование до луѓето во нејзината држава, Блискиот исток и светот воопшто.

Моза, која се смета за првата дама на Катар и најпознатата жена од Блискиот исток, важи за една од најдобро облечените политички и кралски фигури во светот.

Сподели.


Коментарите се затворени.