Од септември градинките ќе работат во две смени

0

Од септември градинките ќе работат во две смени. Ова денес на прес конференција го соопшти министерката Царовска, според која, овие институции мораат да се усогласат според потребите на граѓаните. Така, првата смена би била од 07:00 до 14:30,  а втората од 14:00 до 21:30 минути.

  • Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавните установи . Одлуката е да се организира двосменско работење во градинките и ако има само едно дете кое треба да се згрижи“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Претходно, Министерството доставило анкетни листови до сите детски градинки во државата, на кои едно од прашањата било за воведување на двосменско работење :

  • На сите прашалници одговорот беше негативен и ние истите ги пративме назад до Министерството. Причината најверојатно е тоа што сите фабрики работат прва смена, кажа Илија Митров, дир. на ДГ„Астибо“ – Штип.

За разлика од одговорите на родителите чии дечиња се згрижени во астибовата градинка во Штип, анкетираните кочанчани се со спротивен став :

  • Треба да работат и втора смена, мора младите мајки кои работат и втора смена да имат згрижување на децата. Ако не сите, барем некои треба да работат, велат анкетирани кочанчани.

Со цел проектот да се реализира во целост, од Министерството за труд и социјална политика најавија нови вработувања, како и отворање на 13 нови градинки до крајот на оваа година.

Во регионот, најдолги листи на чекање и потреба од нова градинка има во Штип, каде наназад неколку месеци се работи на проект за нов објект во населбата Сењак.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb