петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОпштина Штип обезбеди бесплатни училишни униформи за 2.200 ученици
spot_img

Општина Штип обезбеди бесплатни училишни униформи за 2.200 ученици

Општина Штип обезбеди бесплатни училишни униформи за 2.200 ученици од прво до петто одделение, кои ја следат редовната настава во сите  основни училишта, информираше на денешната прес-конференција секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова.

Посочи дека во текот на наредната недела проектот треба и целосно да се реализира, односно униформите да се дистрибуираат до секој ученик во одделенска настава на територија на Општина Штип.

-Учениците да ги очекуваат униформите од 29 јануари до 2 февруари. Униформите се изработени од високо квалитетни бои и материјали и дизајнот на нив е направен од професор на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Целта на овој проект е да се намали сегрегацијата меѓу учениците во образовнието и се разбира да се обезбеди еднаков пристап за сите ученици, во образовниот процес, вели Шорова-Ангелова.

Бесплатните училишни униформи се комплети, односно содржат маица на кратки ракави и трансформирачки дуксер, којшто е соодветен да се носи во текот на три годишни времиња. Реализацијата на овој проект општината ја чини 4,5 милиони денари. Шорова-Ангелова вели дека во моментов се опфатени само учениците од прво до петто одделение, а наредниот период ќе направат пресметки и за учениците од повисоките одделенија во основните училишта да добијат вакви бесплатни училишни униформи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ