сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипјани хумани во дарувањето крв, лекарите задоволни од собраните крвни единици
spot_img

Штипјани хумани во дарувањето крв, лекарите задоволни од собраните крвни единици

Штипјани хумани кога е во прашање крводарувањето. Измината година се впишува на листата успешни години во поглед на собирање на скапоцената течност. Во регионалниот центар за трансфузиона медицина при штипската клиничка болница, собрани се близу 5000 крвни единици, преку редовни крводарителски акции и самостојни крводарувања.

– Во 2023-та имавме една навистина добра бројка на донации во нашата служба. Крводарители кои дарувале во слуѓжбата и на терен во нашиот регион се околу 4800 крвни единици, што е за пофалба, изјави д-р Мери Шорова, раководител на Регионален центар за трансфузиона медицина-КБ-Штип.

Задоволителна е и бројката на собрани крвни единици од почетокот на годината до денес.

– Со спроведените крводарителски акции од почетокот на годината до сега и крводарители кои редовно доаѓаат во нашата служба да даруваат крв, имаме околу 300 единици собрано, а се уште месецот не е изминат, додаде Шорова.

Одделот за трансфузиологија доби 2 крводарителски столови, подарок од штипскиот Ротари клуб и Фондот за развој на локалната заедница, обезбедени преку средства собрани од донаторски настани.

– Се организираше театарска претстава со театарска група од Кочани, исто така огранизиравме донаторска опера и донаторска забава, изјави Дејан Маролов, Ротари клуб–Штип.

Донацијата е добредојдена и за крводарителите и за медицинарите, особено во период кога се очекува да се изгради новата клиничка болница.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ