сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип News„За него живтот е песна и смеа“ - Штипската легенда Раде Рогожаров...
spot_img

„За него живтот е песна и смеа“ – Штипската легенда Раде Рогожаров го прослави својот 64-ти роденден

Штипјанецот Раде Рогожаров е роден на 20 јануари 1960 година во градот под Исарот, па овој месец прослави цели 64-години.

Меѓу штипската јавност Раде е познат како народен човек, од кој секогаш одекнува насмевката, музиката и добрината.

Рогожаров е познат македонски театарски, филмски, телевизиски актер и музичар. Во 1988 година Дипломира на Факултет за Драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин. Истата година се вработува во Народен Театар – Штип, каде што е активен и денес.

Во својата кариера има учествувано во голем број на претстави, при што има реализирано многу значајни улоги од најразлични жанрови. Учествуваше и во серијата ,,Бушава азбука” како и ,,Во светот на бајките”.

Инаку, тој своето деби на филм го има во ,,Среќна Нова 49”.

Рогожаров беше и водител на повеќе културно-забавни и контактни емисии на националните ТВ канали, но и како дел од ансамблот на Народен Театар – Штип, гостувајќи во повеќе театри во и надвор од државата, а се со единствена цел, афирмација на македонскиот јазик, култура и театар.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ