петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПо 55 години пауза, во Штип ќе се одржи голем шаховски настан,...
spot_img

По 55 години пауза, во Штип ќе се одржи голем шаховски настан, на брзопотезниот турнир ќе има 110 учесници

На првиот меѓународен турнир во брзопотезен шах во Штип ќе учествуваат шахисти од десетина европски земји, од кои 30 се велемајстори, интернационални или ФИДЕ мајстори. Вака голем турнир се одржува во Штип 55 години од последниот интернационален турнир.

Според досегашните пријави, најмногу учесници ќе има од балканските земји, но фаворит е норвешкиот велемајстор Евгени Романов (2.561), кој со овој рејтинг беше еден од најуспешните учесници на шаховските турнири што се одржаа изминатите години во Македонија.

Негови најголеми конкуренти ќе бидат српските велемајстори Иван Иванишевиќ, Мирослав Миљковиќ, Данило Милановиќ, Горан Тодоровиќ и Милош Перуновиќ, Русинот Вјачаслав Тиличев, кој игра за Србија, потоа петтемина велемајстори од Бугарија, предводени од Петар Дренчев, кој беше најуспешен на последните турнири на ‘Алколоид‘ и, секако, македонските велемајстори Звонко Станојкоски и Драгољуб Јакимовски и интернационалните мајстори Дејан Станојковски, Филип Панчевски, Никола Николовски, Тони Лазов и Ванчо Стаменков. Боите на домаќинот Штип ќе ги бранат ФИДЕ мајсторите Горги Кукутанов и Никола Бујуклиев“, вели еден од организаторите и покровител на турнирот, Емил Насев.

Најавата за целиот настан може да ја проследите на следниот линк: https://sdk.mk/index.php/sportski-prikazni/po-55-godini-pauza-vo-shtip-ke-se-odrzhi-golem-shahovski-nastan-na-brzopotezniot-turnir-ke-ima-110-uchesnitsi/

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ