четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПо 30 години, започна последната фаза од проектот за изградба на фекална...
spot_img

По 30 години, започна последната фаза од проектот за изградба на фекална канализација во штипската населба „Железничка“

Општина Штип започна со последната фаза од проектот за изградба на фекална канализација и поврзување на населба “Железничка” и индустрискиот дел од градот со главниот колектор.

Како што најави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, станува збор за капитална инвестиција во износ од 500.000 илјади евра.

„Жителите на овој дел од градот 30 години бараа реализација на овој проект, но бидејќи се работи за голема инвестиција под земја, Локалната самоуправа во минатото не била заинтересирана за реализација на проектот. Дадовме ветување и за неколку недели ја завршуваме оваа капитална инвестиција во износ од 500.000 илјади евра“, изјави Јорданов

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ