петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНов проблем, иста песна: Меџити најави уште еден тендер за доизградба на...
spot_img

Нов проблем, иста песна: Меџити најави уште еден тендер за доизградба на болницата во Штип

Со пари од државниот буџет ќе продолжи да се гради новиот објект каде ќе биде сместена Клиничката болница во Штип најави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Тој посочи дека веќе е покрената кривична постапка против грчката фирма “Интеркат“ која никако да го доврши овој објект иако изградбата почна пред 8 години.

– “Постапката ќе биде објавена многу брзо, мислам во февруари, за конечно, еднаш засекогаш да се заврши изградбата на болницата, затоа што моите колеги овде, кои се врвни лекари, треба да имаат подобри услови за работа, а пациентите ќе добиваат поквалитетни услуги. Ќе течат сите процедури, а на денот кога ќе го распишеме тендерот ќе го соопштиме и рокот за доизградба. Тој што ќе задоцни ќе мора да одговара.

Покренавме кривична постапка со Државното правобранителство против фирмата што ја почна изградбата и таа ќе треба да се соочи на суд со нашите државни органи. Ќе бараме отштета зошто болницата не е изградена“ кажа Меџити

Тој посочи дека банкарската гаранција изнесува шест милиони евра, и тие пари се во Министерството во склоп на проектната единица и ќе се искористат за доизградба на болницата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ