Наместо данок на граѓаните, оваа држава воведе данок за банкарите

0

Додека банкарите се среќни, граѓаните на државата никогаш нема да бидат среќни!

Европската Унија повеќе не знае како да ги контролира земјите како Полска, чии граѓани се будат во голема мера.

Низ масовните медиуми кружат приказни за санкциите со кои оваа земја ќе биде погодена само затоа што се спротивстави на олигархијата на Европската Унија и должничкото ропство, како и создавање на едно атеистичко владеење над сите држави и поединци во Европа.

Да, Полска и тоа како се буди, а освен што неодамна пред 50.000 луѓе во очите пред целиот свет го запалија знамето на Европска Унија и на тој начин покажаа што мислат за неа, сега продреа во сржта на проблемот и го воодушевија светот! Оној свет кој слушна за оваа одлука и покрај цензурата на медиумите, која е застрашувачка.

Имено, додека новиот мандатар во Хрватска весело разговарал со банкарите и ги договорал новите даноци, и другите технократски иновации со кои ќе се соочи Хрватска, блокирани и извисени се граѓаните, а Полска го направи токму спротивното.

Банкарскиот пристап го употребија на самите банки и одобрија закон според кој ќе се воведе данок на сите финансиски институции, а од тие пари ќе се финансираат субвенциите за децата во Полска.

Банките и осигурителните компании од оваа година ќе плаќаат 0.44% данок на имот, што на полскиот буџет ќе му донесат 4,4 милијарди злоти годишно, односно 1,1 милијарди долари. За разлика од банките, осигурителните компании ќе бидат оданочени преку државните обврзници.

Фантастична идеја, зар не? Полските граѓани се воодушевени, а банкарите се разбира негодуваат, и тврдат дека тој нов данок ќе може да го забави растот на кредитниот пласман.

И додека полека сите земји во светот, го гледаат проблемот во банкарите, кои лесно го ограбуваат човештвото, доведувајќи го во должничко ропство, се чини дека Хрватска се подготвува за последниот, завршен удар врз Хрватите.

Мандатарот Тихомир Орешковиќ и гувернерот Борис Вујчиќ во австрискиот Киџбихел учествувале на затворен состанок со претставниците на инвеститорите и банките, каде што учествувале дури 80 банкарски олигарси, а со оглед на тоа дека банкарите излегле весели и насмеани од банкарските простории, а Орешковиќ најави резови, само може да погодуваме што овие луѓе во сенка всушност договориле.

Повеќе запленувања, уште кредити, поголема конфискација на приватната сопственост и уште даноци и други товари над хрватските граѓани? Едно е сигурно, додека банкарите се среќни, Хрватска нема да биде!

Тоа засега го препознаа Исланд, кој ги стивна своите банкари, Унгарија се ослободи од долговите на ММФ и банките, Полска ќе „набие“ даноци на банките, но и ќе ги протера од земјата многу брзо, Швајцарија за судбината на банките и создавањето пари ќе одлучува на референдум, но не и Хрватска, земја која е покорна, нешто на што банките се просто воодушевени.

Да потсетиме, од декември 2010 година до крајот на 2014 година, во Хрватска, согласно законот за извршување, блокирани се милион жители на Хрватска! Еј менаџери, еј корупција, еј банкари, знаете ли вие за ова? Но, блокирани се и нивните семејства. БЛОКАДАТА значи дека им се блокирани сите сметки кај сите банки, и тоа кај повеќето луѓе, повеќе и од година дена, што значи дека каматите неосновано растат до неодбранливост на долгот, кој потоа посмртно се сели на сите генерации понатаму. На нив им се блокирани животите, а долгот е неодбранлив, додека системот молчи.

„Не постои суверена држава во ЕУ и светот која на овој начин го регулирала проблемот со долговите“, предупредија од здружението на блокирани, но Хрватска и понатаму си тера по свое, удира по граѓаните – до крај.

Сподели.


Коментарите се затворени.