Масивен накит, оригинален џинс и многу реси: Нови модни правила за септември

0

Никако немаме намера да создаваме паника, но септември полека, а сигурно ни се приближува. Како и секогаш, новата модна сезона носи и нови модни трендови или пак ги враќа оние старите, но во ново, свежо издание. Дали ви се допаѓа тоа или не, септември е наскоро тука, а еве кои модни правила ќе важат во овој месец.

1-masiven-nakit-originalen-dzhins-i-mnogu-resi-novi-modni-pravila-za-septemvri-www.kafepauza.mk_

1. Не бегајте од чизмите до глужд

Никогаш не престанавме да ги сакаме чизмите до глужд, па така сите ние сме подготвени за овој есенски тренд. Слободно извадете ги од кутијата старите модели, бидејќи секоја варијанта ќе биде добредојдена, а доколку пронајдете некој кул и тотално поразличен модел веднаш зграбете го. И секако, како и досега, носете ги со омилените здолништа и тесни фармерки.

2-1-masiven-nakit-originalen-dzhins-i-mnogu-resi-novi-modni-pravila-za-septemvri-www.kafepauza.mk_

2. „Максимизирајте“ го вашиот накит

И понатаму го сакаме нежниот, дискретен накит во слоеви, но немаме ништо против некои парчиња накит да „отскокнуваат“. На пример, тоа нека бидат макси обетки или прстени, нараквици… Изберете ги според вашиот вкус и нема да погрешите! Овој накит совршено ќе ги надополни сите ваши модни комбинации.

3-1-masiven-nakit-originalen-dzhins-i-mnogu-resi-novi-modni-pravila-za-septemvri-www.kafepauza.mk_

3. Оригиналниот, луксузен џинс е задолжителен

Џинсот е секогаш во мода, но оваа есен во вашиот гардеробер морате задолжително да имате некое луксузно парче. Идеален избор би бил широка јакна со впечатлив принт на грбот. Совет плус: без разлика на тоа дали носите кошула и панталони, здолниште и маица или пак фустан, едно парче од тексас сосема ќе ја освежи и надополни вашата комбинација.

4-1-masiven-nakit-originalen-dzhins-i-mnogu-resi-novi-modni-pravila-za-septemvri-www.kafepauza.mk_

4. Испробајте нови монохроматски комбинации

Есента е време кога пополека се „смируваме“ со боите или барем ги избираме оние кои се типични за есента. На пример, бордо или маслинесто зелена. Сепак, за да ја подигнете вашата модна комбинација на едно повисоко ниво едноставно од глава до пети облечете се во иста боја, а секако, надополнете го вашиот изглед со макси накит.

5-1-masiven-nakit-originalen-dzhins-i-mnogu-resi-novi-modni-pravila-za-septemvri-www.kafepauza.mk_

5. Реси, реси, реси

Кога ќе посакате на вашата комбинација да ѝ додадете малку „драма“, тогаш ќе ви биде потребен некој впечатлив аксесоар. На пример, чанта со долги реси! Секако, бидејќи ресите и понатаму се популарни, можете да ги носите и во други варијанти како на пример на елеци, јакни, кошули… Избирајте!

6-1-masiven-nakit-originalen-dzhins-i-mnogu-resi-novi-modni-pravila-za-septemvri-www.kafepauza.mk_

Сподели.


Коментарите се затворени.