петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЈане Ченто: Финалето за „27 април“ доаѓа за брзо, ќе се дознае...
spot_img

Јане Ченто: Финалето за „27 април“ доаѓа за брзо, ќе се дознае вистината

Јане Ченто, осуден за „27 април“, а за кого Апелација утврди дека полицаец излажал дека не го почитувал домашниот притвор, поради што заврши зад решетки, посочува дека правдата доаѓа. Тој смета дека предметот се руши како кула од карти. Неговиот став доаѓа откако Европскиот суд за човекови права утврди дека Митко Пешов и Спиро Ристовски незаконски биле држени во притвор.

„Како кула од карти им се руши предметот ’27 Април’. Стигаат пресуди дека државата, судиите и обвинителите ги прекршиле правата на обвинетите. Ова е само почетокот, финалето следи за многу брзо. ’27 Април’ е најголемиот монтиран процес во поновата македонска историја и тие што го монтираа мора да одговараат! За многу брзо од денес, кога ќе имаме нормална извршна власт, кога ќе имаме нормална судска власт и нормални обвинители, предметот ’27 Април’ ќе ја добие вистината и правдата бидејќи ние, нашите семејства и македонскиот народ заслужува да ја знае вистината. Да живее Република Македонија“, напиша Јане Ченто.

Претходно, полицаец од Прилеп доби условна казна бидејќи во 2018 година напишал белешка дека осудениот Јане Ченто не ја почитувал мерката куќен притвор, која му беше одредена поради предметот „27 април“. Апелација ваквата пресуда ја потврди и ја одби жалбата на полицаецот. Се констатира дека службеникот од МВР фалсификувал исправа, во која внел невистинити информации. Поради ова, пак, Ченто доби ефективен притвор и беше однесен во затвор. Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд дека полицаецот направил фалсификат.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ