четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПатарините скапи, а патиштата катастрофа, реагираат граѓаните за автопатот Миладиновци – Штип
spot_img

Патарините скапи, а патиштата катастрофа, реагираат граѓаните за автопатот Миладиновци – Штип

Патарините скапи, а патиштата катастрофа, реагираат штипјани. За да стигнат до главниот град треба да поминат три патарини кои чинат речиси половина од сумата што се троши за гориво  до Скопје. Новиот автопат овозможи скратување на времето, но не и безбедност, категорични се возачите. Диви свињи и свлечишта се честа слика на автопатот Миладиновци-Штип.

„ Многу лошо. Воопшто не се чувствувавеме безбедни. Се некаде има одрони на карпи и дупки како кратери. Од друга страна патарини колку сакаш-изгор скапи се. Јас сум во Шведска, таму живеам ама волку скапи не се кај нас „коментираат граѓаните.

И додека граѓаните бурно реагираат за секојдневните одрони и дупки по патиштата, ЈП„Државни патишта„  по основ на патарини  само годинава има инкасирано 62милиони евра, што е за 100%зголемување во однос на претходните три години.  За граѓаните, ова е доволен аргумент за целосно  корегирање на тарифникот..

„Мора да се размислува во насока на намалување на патарините. Имаме најскапи патарини во цела Европа. Ова е срамота! Од Штип до Скопје и назад 320 денари, што е многу, многу е„ реагираат граѓаните.

Најскап е автопатот „Пријателство„ кои со дупките и честите работи на терен создаваат застој и гужва, особено во летниот период.

Според анализите на ЈП„Државни патишта„ во 2021 по основ на наплата на паратини остварен е вкупен приход од над 46 милиони евра. Во 2022-над 53 милиони, а минатата година Државни патишта ја завршува со рекордни 62 милиони евра. Инаку Македонија спаѓа во групата на земји со високи цени на патарини. На пример во Косово не се наплаќа, а во Србија има најевтини патарини.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ