петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsТрадицијата продолжува - Василичарскиот оган во населба Железничка ќе се запали по...
spot_img

Традицијата продолжува – Василичарскиот оган во населба Железничка ќе се запали по 32. пат

Најголемиот оган за празникот Василица во Штип, оганот во населбата Железничка, и годинава традиционално ќе се запали кај Железничката станица. Топли пијалоци, дружба, забава, а ќе се слушнат и честитки за бериќет и многу здравје за оваа година – програмата на манифестацијата која трае веќе 32 години останува речиси иста. Претседателот на Урбаната заедница, Нако Михаилов, ги покани граѓаните на Штип да бидат дел од оваа децениска традиција.

„Традиционално, по 32. пат, по повод христијанскиот празник св. Василиј Велики, УЗ Железничка организира палење суроварски оган. Ќе има топол чај, топла ракија, а отворањето на програмата е во 18:30 часот. Ги повикуваме сите граѓани на Штип, на 13.1. (сабота), кој може да присуствува кај Железничката станица заеднички да ја продолжиме оваа традиција“, вели Михаилов.

И годинава традиционално ќе се подели лепчето со паричка. Стариот кум ќе го предаде кумството на новиот, а меѓу присутните се очекува добра атмосфера со желби за сплотеност и благослови во годината.

„Ќе има кршење на славскиот колач во 18:50 часот, а палењето на оганот ќе биде во 19:00 часот. Очекуваме интерес, граѓаните нека повелат“, додава Михаилов.

Василичарскиот оган во штипската населба Железничка првпат засветли во 1992 година и оттогаш е непрекината традиција која жителите и понатаму ја продолжуваат со стремеж да не изумре.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ