За денот на Рударите, Македонска Каменица подготвува спектакуларен концерт!

0

Рудникот Саса и Општина М. Каменица подготвуваат спектакуларни концерти за празникот на Македонска Каменица и на рударите. На градскиот плоштад на сцената на отворено од 25 август до 28,празникот на рударите, Голема Богородица, ќе настапат познати естрадни ѕвезди од македонската и балканската музичка естрада.

  • Каменичкото културно лето го започнуваме на 25 август кога ќе имаме фолклор од М. Каменица и од Макеоднија и гости од макеоднската естрада,на 26-ти август ќе гостува балканската група Црвена Јабука,а доплнително ќе информираме за настапот на ѕвезди од македонската естрада,на 27 август, балкансаката ѕвезда Владо Ѓеоргиев, а на 28 август на барање на младата публика од регионот свој концерт ќе одржи Саша Ковачевиќ. На сите овие вечери ќе имаме и доста пејачи од македонската естрада за кои допонително ќе информираме, изјави Дарко Митевски, градоначалник на М. Каменица.

По повод празникот на рударите, РОЦ Саса ќе ги додели традиционалните награди на рударите, а општината ќе празникот ќе го одбележи со промоција на успешно завршените проекти. За Каменичкото културно лето одвоени се над 2 милиони денари.

  • Се надеваме дека на еден достоинствен начин ќе го одбележиме овој празник на рударите и согласно со буџетот кој го имаме одвоено за таа цел во програмата на КИЦ Романса и од поддршката од РОЦ Саса. Ги повикувам граѓаните од регионот и пошироко да ја посетат М Каменица и да бидат дел од Каменичкото културно лето, истакна Митевски.

За време на концертите и за прославата на Денот на општината и Денот на рударите Македонска Каменица очекува ќе ја посетат најмалку 30.000 гости од Македонија и регион.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb