петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМиовски имаше средба и му подари дрес на градоначалникот на Штип
spot_img

Миовски имаше средба и му подари дрес на градоначалникот на Штип

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлична сезона во шкотската Премиер лига за Абердин. Поради тоа, тој го привлече вниманието на повеќе големи клубови од „островот“, па му се смешка голем трансфер. 

За време на божиќните празници Миовски се врати во родниот Штип и покажа дека не ги заборава своите корени. Тој имаше неколку јавни појавувања како и интервјуа, а се сретна и со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. 

Тој на првиот човек на градот му подари дрес од Абердин со неговото презиме и бројка, кој ќе биде одличен сувенир. 

Сезонава Миовски за Абердин одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, а на нив постигна петнаесет погодоци и запиша четири асистенции. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ