петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЗапочнаа градежните активности за реконструкција на штипскиот градски пазар, градот добива модерен...
spot_img

Започнаа градежните активности за реконструкција на штипскиот градски пазар, градот добива модерен простор и за купувачите и за продавачите

Започнаа градежните активности за реконструкција на штипскиот градски пазар, со што градот ќе добие модерен простор и за купувачите и за продавачите. Површината којашто ќе биде полузатворена со челична конструкција е со големина од 1200 м2, простор кој ќе биде поплочен, бетониран и според сите стандарди за ваков тип пазар. Градоначалникот на Штип истакна дека проектот е резултат на повеќегодишното барање на граѓаните за изградба на еден ваков објект.

– Очекувам,  напролет, со оглед на тоа што освен градежните активности за бетонирање на платото, поставување на стопи итн., ќе следат активности и за поставување на конструкција, да завршат сите овие активности. И потрошувачите, но и продавачите да имаат многу посовремени услови коишто ќе бидат на задоволство на сите“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Ќе се реши и проблемот со дивите пазарџии, зашто ќе се овозможат соодветни услови во текот на годината и ќе се елиминира нелојалната конкуренција.

– Тезгите коишто ќе бидат поставени, ќе бидат нови, модерни тезги коишто ќе доликуваат на новиот полузатворен пазар, додаде Јорданов.

За овој проект Општината има обезбедено околу 10 милиони денари и уште дополнителни три милиони за уредување околу пазарот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ