DJI Spark – дронот кој што може да се управува со движење на рацете

0

DJI го претстави најновиот модел на лесен дрон DJI Spark. Станува збор за дрон опремен со камера кој што од останатите дронови се разликува по тоа што може да се управува со движење на рацете.

Благодарение на малите димензии и тежината од само 300 грама, DJI Spark е лесно пренослив. Со камерата можете да направите фотографии со резолуција од 12 мегапиксели, како и да снимате оптички стабилизирани видео записи во Full HD резолуција.

Покрај DJI Spark, во „портфолиото“ на DJI се наоѓа и новиот Mavic Pro, како и Osmo Mobile.

Mavic Pro е компактен дрон опремен со 4К камера, стабилизатор на слика и систем за визуелна навигација. Има домет од дури 7 километри, а може да остане во воздух речиси половина час. Со FlightAnatomy може да се позиционира и да се планира рутата на дронот, што овозможува избегнување на препреки при брзина до 36 километри на час.

Osmo Mobile ги претвора паметните телефони во прецизни и интелигентни камери. Osmo Mobile му овозможува на корисникот на паметниот телефон едноставно да направи квалитетни фотографии и видеа во движење, а во комбинација со апликацијата DJI GO, фотографиите и видео записите со професионален квалитет можат да се прикажуваат во живо и да се споделуваат на различни социјални мрежи.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb