Јапонија: Произведен сладолед кој не се топи

0

Група истражувачи од Јапонија измислија сладолед кој не се топи, поради што е идеален за жешките, летни денови.

Клучната состојка на ваквиот сладолед е полифенолот, екстракт од јагоди, а до ова откритие дошле научниците од Центарот за истражување на развојот на биотерапијата во јапонскиот град Каназава.

На ова му претходеле напори да се унапредат засадите на јагоди во случај да дојде до природни катастрофи. Истражувачите замолиле еден готвач да експериментира со ваквиот екстракт од јагоди.

Откако тој им се пожалил дека слатката павлака се стврднува кога во неа се додава полифенол, тие сфатиле дека маслото и водата поради полифенолната течност не можат да се разложат, па токму затоа благодарение на таа состојка направиле сладолед што не се топи, пренесува порталот “Кликс”.

“Сладоледот кој ја содржи оваа состојка може да ја задржи оригиналната форма многу подолго отколку обичниот сладолед”, вели шефот на истражувачкиот тим, Томихиса Ота.

Локалните новинари го испробале сладоледот и го чувале на сонце на температура од 28 степени, но тој и по три часа го задржал својот облик.

Производството на сладолед кој не се топи веќе започна во Јапнија, а ова задоволство чини 4,5 долари.

Сподели.


Коментарите се затворени.