Девојка не очекувала дека по победата во најтешката борба во животот ќе го добие најубавото изненадување. Но, токму тоа се случи.
Ема неодамна успеа да се избори со ракот, а отсекогаш сакала да го посети Дизниленд. Tокму сега нејзиното момче одлучи дека е вистински момент да ѝ ја оствари таа желба, а водено и да ја израдува со предлог за брак.
За време на магичното шоу кое традиционално се одржува на крајот од денот, Џек клекна на едно колено и ја побара за жена саканата Ема.
„Сакам да го направам ова место уште поспецијално за тебе. Те сакам. Сакам да го направам овој одмор нешто што нема да можеш да го заборавиш. Дали ќе ме направиш среќен засекогаш и ќе се омажиш за мене?“ – ѝ рече Џек на Ема пред да ѝ го покаже прстенот.
Среќната девојка не можеше да си ги задржи солзите.