Неколку секојдневни предмети кои биле дизајнирани со друга намена

0

Многу од предметите кои секојдневно ги употребуваме биле пронајдени за сосема поинаква намена од онаа којашто ја имаат денес.

Сините влакненца на четката за миење заби

Влакненцата во боја на четките за заби не служат само за да бидат тие шарени и да изгледаат поразлично. Ако забележите дека сините влакненца почнуваат да ја губат бојата, тоа е сигурен знак дека треба да ја смените четкичката.

15-sekojdnevni-predmeti-koi-bile-dizajnirani-so-druga-namena-04.jpg

Фризби

Студентите на универзитетот Јејл во слободно време се забавувале со наптревари во мавање со пити. Овие пити биле произведени од компанијата Фризби, а популарноста на името била толку голема што производителот и изумителот на летечките чинии решил името да го стави и на неговиот производ.

15-sekojdnevni-predmeti-koi-bile-dizajnirani-so-druga-namena-06.jpg

Маичка по кратки ракави

За време на Втората Светска Војна маичките по кратки ракави биле користени како долна облека. Во тоа време да се прошетате со маичка по кратки ракави во јавен превоз, било исто како да сте голи, без облека на себе.

Овој стереотип за маичките го разбил Марлон Брандо во 1951 година во филмот „Трамвајот наречен Желба“. Така со тек на време маичката со кратки ракави доби статус на горна облека.

15-sekojdnevni-predmeti-koi-bile-dizajnirani-so-druga-namena-10.jpg

Веб-камера

Првата веб-камера се појавила во 1991 година и прикажувала апарат за правење кафе. На Универзитетот Кембриџ машината за правење кафе на тимот научници била на различен кат од нивните канцеларии.

За да не мораат да искачуваат цел еден кат само за да проверат дали има кафе, ја поврзале веб-камерата со компјутер на којшто се прикажувала нова слика три пати на секоја минута.

15-sekojdnevni-predmeti-koi-bile-dizajnirani-so-druga-namena-12.jpg

Кесичка за чај

Измислена била случајно во 1904 година. Чајот во тоа време се продавал во големи канти, а еден од продавачите решил да почне да го пакува во мали пакувања од мали свилени вреќички. Угостителите во Њујорк брзо забвележале дека чајот многу лесно и практично може да се приготви без да се вади од овие мали пакувања.

15-sekojdnevni-predmeti-koi-bile-dizajnirani-so-druga-namena-13.jpg

Сподели.


Коментарите се затворени.