Хакерите со уцена до ХБО: Ако не им исплатат милиони долари, ќе ги објават украдените сценарија од сите нови епизоди на Игра на тронови

0

Хакерите со назив “Mr. Smith” објавија вчера дел од податоците кои се украдени од серверите на телевизиската куќа ХБО и се заканија дека ќе продолжат да ги објавуват сценаријата од необјавените епизоди на мегапопуларната серија Игра на тронови.

Хакерите бараат од ХБО да им исплати износ во вредност од најмалку шест милиони долари во електронската валута – Биткоин, пренесува британски „Телеграф“.

ХБО пред неколку дена потврди дека хакери им украле околу 1,5 терабајти интерни и тајни податоци меѓу кои биле се уште необјавените епизоди од сериите Ballers и Room 104. Но, уште полошо за ХБО е што хакерите дошле до сценаријата од неколку идни епизоди кои допрва треба да се емитуваат од серијата Игра на тронови.

Така, на интернет се појави четвртата епизода пред да биде премиерно емитувана на ХБО. Од ХБО потврдија дека хакерите им ги украле сценаријата на пет епизоди од тековната сезона и снимка од една епизода која што не е се уште емитувана, како и разни „информации на компанијата“

Покрај тоа, украдена била и целата месечна електронска пошта на Лесли Коен, потпретседателката на ХБО задолжена за филмската продукција. Меѓу нејзините „хакирани“ мејлови биле и бројни правни барања на телевизиски куќи, договори и писма со понуди за работа на главните раководители на ХБО.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb