Уште само три дена до музичките концерти на Струмица ОПЕН фестивал

0

Шестото издание на Струмица ОПЕН фестивал – #направеносољубов започна на 3 август и ќе трае до 13 август. Над 20 настани од културно-уметничката програма се веќе во тек, а се распоредени на шест локации низ градот.

Музичкиот дел на шестото издание на фестивалот започнува на 11-ти август со Браќата Тавитијан и специјалните гости Јелена Томашевиќ, Сергеј Цетковиќ и Жељко Бебек. Истата вечер ќе настапи и бендот Галија. Вечерта ќе заврши со електронска музика со Александар Галоски и Пата Пата рекордингс. Во сабота на 12-ти август ќе настапат Дани Димитровска, рок-составот Ван Гог, една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга, диџеј Мистик и Астраион проџект. Во недела на 13-ти август на големата ОПЕН фест сцена ќе ги видиме Нино Величковски, Queen Real Tribute, електронските дуа Disconnected и Cyrillic. Честа за затворање на фестивалот годинава ќе му припадне на најпопуларниот балкански кантавтор Дино Мерлин со прв и ексклузивен концерт пред струмичката публика.

Главни партнери и покровители на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал се Општина Струмица и Македонски Телеком.

//

Сподели.


Коментарите се затворени.