Крај на најтажната родителска битка: Малиот Чарли сепак ќе почине

0

Чарли Гард сепак ќе почине откако неговите родители денеска ја донесоа оваа тешка одлука.

Крис Гард и Кони Јејтс денеска се фотографирани во Врховниот суд во Лондон во солзи откако ја завршија шестмесечната кампања за спасување на животот на својот син, одведувајќи го во странство.

Тие сакале да го однесат во Соединетите Американски Држави, каде детето би се лечело од митохондријална болест со најнови лекови. Судот сепак тоа не го дозволи, а родителите сега цврсто се убедени оти оваа одлука ќе го чини животот на Чарли.

Инаку, детето е родено минатата година со генетска мутација кои ја имаат десетина деца ширум светот поради која од раѓање е приклучен на апарати за дишење и се храни преку сонда.

Судот не одобрил лекување во странство поради „непознатиот терен“, и оти неизвесно е дека Чарли ќе се опорави. Одлуката била донесена по консултација со лондонските лекари, што се чини дека е исполнета нивната желба, а не на родителите. Родителите прифатија Чарли да биде исклучен од апаратите.

Charlie Gard’s parents end their legal fight to take son to America .http://www.mirror.co.uk/news/uk-news/charlie-gards-parents-end-legal-10862132#ICID=sharebar_twitter 

Photo published for Charlie Gard's parents end their legal fight to take son to America

Charlie Gard’s parents end their legal fight to take son to America

Сподели.


Коментарите се затворени.