Лепа Брена и Парни Ваљак на Пастрмалијада во Штип?!

0

Лепа Брена и Парни Ваљак се ѕвездите со кои општина Штип преговара за настап на овогодинешново издание на  Пастрмалијадата.

Неофицијално, веќе се остварени контакти со менаџерите и расположение за гостување има, но од општината се воздржани за каков и да е коментар, сé до завршувањето на преговорите.

Во меѓувреме, на интернет се појавија плакати со реклами за гостувањето на Брена во Штип на 16 септември, лиферувани веројатно од нејизниот ПР-тим, што упатува на претпоставка дека преговорите ќе бидат успешно завршени. Веројатно до средината на оваа недела, ќе се има конкретни информации за тоа кога точно ќе се одржи Пастрмалијадата и кој се ќе учествувата на неа.

Освен со Брена и со Парни Ваљак, организаторите на Патрсмалијадата контактирале и со повеќе македонски и пејачи од бившите YU простори , но сите разговори сé уште се во фаза на договори.

Штипската Пастрмалијада ќе се одржи по 11-ти пат и истата прерасна во еден од туристичките брендови на градот. Освен музички дел истата опфаќа и дегустација на традиционална џиновска пастрмајлија, трка на келнери и брзо јадење пастрмајлии. Во просек, за трите вечери, општината ја посетуваат околу 150.000 гости.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.