12-годишно дете од Штип се бори за живот по пад од тераса

0

12-годишно дете од Штип се бори за живот по пад од тераса од третиот кат во зградата каде живеело. Ударот бил страшен, зашто детето со главата директно удрило на бетонот долу, што било причина за сериозни и животно загрозувачки повреди:

  • Направени с еиследувања од страна на нашите доктори. Констатирани се тешки телесни повреди и во една сериозна состојба пациентот е испратен во Ургентниот центар во Скопје, изјави д-р Ален Ѓорѓиев, дир. на Клиничка болница – Штип.

Местото на несреќата е населбата 8-ми Ноември, а времето  синоќа околу 22.00 часот. Што точно се случило во критичниот момент, засега не знае никој. Дека нешто лошо е во прашање, наговестиле сирените на амбулантното возило на итната медицинска служба:

  • Детето лежеша на земјата, пискаше, викаше, по што дојде Брзата помош го однесе и толку знаеме. Рекоа дека бил со далечинското во раката, велат соседи.

Во момантов, состојбата на детето се уште се оценува како загрижувачка и лекарите прават максимум за спас на младиот живот.

Случајот од синоќа, на најлош можен начин опоменува на потребата од голема внимателност кога во прашање се децата и висината:

  • Многу ми е страв кога ќе видам дете на тераса, се наведнуваат преку огради. Млади се не размислуваат на тој начин, вели сосетка.

Падот од висина, досега бил причина за многу сериозни повреди во Штип и во регионот, од кои некои, за жал, завршиле и кобно.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb