петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаСпортТрибините на Градскиот стадион ќе бидат реконструирани наредната година, најави Јорданов
spot_img

Трибините на Градскиот стадион ќе бидат реконструирани наредната година, најави Јорданов

– Трибините на Градскиот стадион ќе бидат реконструирани и целосно завршени наредната година, најави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој истакна дека имаат веќе готов проект за завршување на веќе постоечките трибини кои сега се користат, но се во лоша состојба. Посочи дека се чека да заврши реконструкцијата на трибините од страна ФФМ, со цел да се постават столчињата и да се користат од публиката. Откако ќе се пушти оваа трибина веднаш ќе започне реконструкцијата на останатите трибини на Градскиот стадион, а ќе работи и на атлетската патека.

-Овде би напоменал дека и довршувањето на градскиот стадион на трибината која е останата, исто ќе започне во 2024 година. За ова веќе имаме готово проект, во план е да се направи и да се реконструира атлетската патека на градскиот стадион и на тој начин да се заокружи реконструкцијата на градскиот стадион, вели Јорданов.

Реконструкцијата на западната трибина на градскиот стадион започна во 2020 година со тенденција да се реконстуира и источната со средства од Општина Штип. Колку финансиски ова ќе ја чини општината ќе се знае дополнително, вели градоначалникот Јорданов.

Изминатиот период се асфалтираше и пристапна улица кај стадионот со што се работи на подобрување на уловите и за изграчите и за самата публика.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ