Каков тип на девојки не се вредни за Вашето внимание?

0

Денес, сите совети се базираат на “забавувајте се со девојка која патува, која знае да готви, која чита книги” итн. Тоа е во ред, но во суштина треба да се забавувате со девојка која Вам Ви се допаѓа, без разлика дали се работи за нејзиниот изглед, карактер, однесување или начинот на кој таа размислува.

Прочитајте ги следниве препораки, кои во голема мера Ве предупредуваат што не е во ред кај една девојка:

Девојка која се дружи со луѓе кои не ги поднесува

Тука се работи за класична површност. Паметна личност која сериозно ги сфаќа човечките односи, не се дружи со луѓе кои не ѝ одговараат, луѓе за кои нема добро мислење или едноставно нема потреба од нив. Забавувајте се со девојка која негува и цени длабоки и искрени пријателства.

Девојка која прашува дали изгледа дебело во здолништето

Во превод – несигурни девојки. Тие секојдневно бараат туѓо мислење за својот изглед, со цел да ја потврдат својата самодоверба. Сигурно нема да ѝ кажете дека навистина изгледа дебело, нели. Таа бара и очекува од Вас комплименти, за постојано да го храни егото. Девојката која е сигурна во себе добро знае како изгледа и што најдобро ѝ прилега. Шансите сами да го забележите тоа и спонтано да ѝ упатите комплимент се големи, бидејќи таквиот став и сексапил е карактеристика на цврст карактер.


Девојка која постојано има забелешки

Ако девојката е нервозна и Ви е лута поради тоа што цел ден не сте ѝ се јавиле – тоа значи дека се загрижила за Вас и сè ѝ паднало напамет. Но, доколку девојката секогаш има забелешки околу Вашето однесување, никогаш не е задоволна од различните аспекти на Вашата личност и секогаш има потреба да Ве “поправа” – тоа не Ви е потребно во животот. Девојката треба да Ве сака онакви какви што сте, а Вие самите треба да се стремите кон лично подобрување, а не таа тоа да го бара од Вас.

Девојка која не е зависна од лудите журки

Понекогаш, добрата забава се крие во вкусната вечера која Вашата девојка ја припремила за Вас, во домашна атмосфера и топлина. Девојката која сака да поминува време со Вас, нема да биде заинтересирана за многу алкохол и луди журки со другарките, секоја вечер во неделата.

Девојка која не ги крие своите чувства

Тоа е голем предизвик за Вас. Девојката која не ги крие своите чувства секогаш јасно ќе кажува и ќе докажува колку Ве сака и колку е заинтересирана за Вас и тоа што Вие го правите. Но, од друга страна таа нема да го сокрива ни нејзиното незадоволство, бес или повреденост. Со таквата девојка нема да Ви биде лесно, но барем нема да имате потреба да погодувате и анализирате – секогаш ќе знаете на што сте, а таквата искреност се цени.

Сподели.


Коментарите се затворени.