вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСветскиот ден на планината ќе се одбележи на Плачковица
spot_img

Светскиот ден на планината ќе се одбележи на Плачковица

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија годинава Светскиот ден на планината 11 декември  ќе го одбележи на планината Плачковица во планинарскиот дом „Вртешка“, а домаќин на манифестацијата е ДПС „Лисец“-Штип.

Претседателот на Федерација на планинарски спортови на Македонија, Зоран Читкушев, изјави дека утре ќе се одржи акција насловена „Плачковица 2023“. Планинари, љубители на планината и природата може да бидат дел од насатанот кој ќе се реализира на планината Плачковица. Воедно се одебележува и јубилеј 90 години од првата планинарска активност во Македонија.

-Оваа година освен јубилејот одбележување на 11 декември – Денот на планината, Федерацијата на планинарски спортови одбележува и 75 години од нејзиното формирање и 90 години од одржувањето на првата планинарска активност во Македонија, рече Читкушев.

Претседателот на ДПС „Лисец“, Александар Санев, изјави дека интензивните подготовки се во тек, очекуваат над 200 гости од земјава и од странство, а ги повикува и сите љубители на природата и планинари од целиот Балкан да бидат дел од акцијата во недела.

-Ние сме во интезивна организација, скоро секој ден сме со собири и состаноци и се во организацијата е веќе како што треба. Очекуваме голем број на посетители, планинари и рекреативци од цела Македонија, дури има најави за гости од Србија и Бугарија, рече Санев.

Настанот е закажан за утре (10 декември) во осум часот од местото викано „Билборди“ до врвовите Туртел и Црквиште, а потоа и заедничка забава со доделување на признанија и награди во планинарскиот дом „Вртешка“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ