Лековитата страна на сексот

0

Научно докажано е дека редовниот секс е добар по здравјето на луѓето.

Во текот на сексот се лачат хормони на среќа кои го подобруваат расположението, го намалуваат стресот и ја подигнуваат самодовербата. Освен тоа, сексот е и одлична активност за губење на вишокот калории.

Сексот е: 

Природен седатив 

Хормонот окситоцин кој телото го произведува во текот на оргазмот е поврзан со позитивните психички и физички процеси. Сексот успешно го решава проблемот со несоницата, а истиот ефект го предизвикува и мастурбацијата.

Борец против стресот 

Сексот го намалува нивото на кортизол, хормон кој се лачи во организмот кога сме под стрес.

Природен аналгетик  

Спопред спроведените истражувања, сексот ја ублажува болката кај лицата кои патат од мигрена. Исто така, сексот може да помогне и кај артитисот и болките во долниот дел на телото.

Подобар од лековите 

Практикувањето на редовен секс барем два пати неделно е поврзано со високото ниво на антитела на имуноглобинот А, кој штити од настинка и инфекции.

Подобар од лентата за трчање 

Сексуалната активност ги согорува калориите и мастите. Во текот на сексуалниот однос од 30 минути, телото согорува до 200 калории, што е еднакво на 15-минутното трчање на движечката лента.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb