Говор на телото: На кој начин лицето ја открива сексуалната привлечност?

0

Жените помалку ги привлекуваат насмеани мажи за разлика од оние кои оставаат впечаток на моќни, па дури и помалку арогантни личности, покажува едно истражување спроведено на универзитетот Колумбија.

Од друга страна, припадниците на посилниот пол сакаат девојки кои изгледаат среќно и задоволно со својот живот, вели другиот податок од истата студија. Во истражувањето учествувале 1000 испитаници кои ја оценувале привлечноста на спротивниот пол со помош на стотина фотографии, на кои биле прикажани најразновидни состојби – од среќа и гордост до арогантен израз на лицето итн.

Целта на истражувањето била да се испита сексуалната привлечност при првиот впечаток, така што од учесниците се барало да одлучат дали личноста на фотографијата е атрактивна или не.

Резултатите покажале голема разлика помеѓу половите: жените “паѓаат” на помалку арогантен израз на лицето, додека мажите – на насмевка.

“Жените ги привлекуваат атрактивни, горди типови со арогантен израз на лицето бидејќи тоа испраќа порака за нивниот статус во друштвото. Мажите кои се смеат оставаат впечаток на аутсајдери, и како на некој начин да признаваат дека не се доминантни, а жените не го сакаат тоа”, вели психологот д-р Џесика Трејси, водич на студијата, која додава дека мажите најмногу ги привлекуваат жени со широка насмевка.

Сподели.


Коментарите се затворени.