четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаНекатегоризирано„Животот ми се претвори во пекол, несфатливо ми е зошто моето прекрасно...
spot_img

„Животот ми се претвори во пекол, несфатливо ми е зошто моето прекрасно девојче ми е сега во гроб“, вели мајката на Вања

Таа за сопругот изјавила дека биле во добри односи поради децата и оти не знаела дали имал коцкарски долгови, бидејќи не му се мешала во животот

Српска „Република“, портал на српскиот весник „Српски телеграф“ денеска објави, како што тврди, изјава од мајката на убиената тинејџерка Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска, дадена ексклузивно за нив, првпат по смртта на девојчето.

Зорица, како што пренесува српска „Република“, изјавила дека не знае зошто се случило ова и дека сè уште го чекала епилогот.

„Не сум во состојба да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот од сето ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол. Мене ми е само несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е е само да се дознае вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве молам да почекате да дознаеме зошто се случи ова“,изјавила Зорица за „Република“.

Таа за сопругот изјавила дека биле во добри односи поради децата и оти не знаела дали имал коцкарски долгови, бидејќи не му се мешала во животот.

„Веќе пет години сме разведени и не знам што правел и со кого. Бевме во добри односи поради децата. Не се каравме за старателството, околу воспитувањето, можеше да ги види децата кога ќе посака или кога децата ќе посакале. Не знам и не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира за да ме остави и он мене на мира. Секогаш кога разговаравме, зборувавме за децата. Ве молам, не ми поставувајте повеќе прашања, бидејќи и јас си поставувам многу прашања, зошто се случи ова и чекам да дознаам“,рекла Зорица, тврди „Република“.

Вања Ѓорчевска, која беше убиена во атарот на селото Бразда, откако, како што соопштија институциите, на 27 ноември била киднапирана во влезот од зградата во која живеела, ѝ биле врзани рацете и нозете, а потоа во вреќа за спиење била внесена во автомобил „ситроен“. Нејзиното мртво тело беше пронајдено на 3 декември, а возилото беше најдено запалено. За нејзиното убиство се осомничени пет лица, меѓу кои првоосомничен е Љупчо Палевски, кој ќе биде екстрадиран во земјава од Турција.

Меѓу осомничените е и таткото на Вања, за кој, согласно изјавите на другите осомничени, постојат сомневања дека дал информации во колку часот неговата ќерка ќе излезе од дома.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ