За три дена, над 1.500 возачи во Штип паркинг платиле преку СМС

0

Плаќањето на паркинг со СМС во Штип функционира. Изминативе три дека откако е воведен овој систем, преку порака паркинг платиле по околу 500 возачи дневно. Информациите за начинот на плаќање, граѓаните ги добиваат преку инфо таблите поставени насекаде низ градот.

Според тоа како работатата тргна, јавното претпртијатие „Стипион“ очекува поголеми приходи на крајот на годината :

  • Се очекува зголемување на приходите на овој начин, затоа што порано се толерираше и оној нареден час, или неможност на нашите оператори да дојдат на време. Верувам дека сега ќе има зголемување затоа што ако лицето не се одјави на време ќе му се наплати и наредниот час, објасни Игно Иванов, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип.

parking

Ова значи дека со новиот начин на плаќање, можноста за заобиликолување на платениот паркинг е помала, зашто операторот нуди можност за контрола :

  • Нашите оператори сите информации ги добиваат преку мобилниот телефон. Кога операторот сака да провери дали некое возило ја пуштило пораката, веднаш добива повратна информација, дополни Иванов.

Инаку, при плаќање на паркинг во Штип преку СМС, се наплаќа само првата порака со пет денари, додека пораката за прекин на услугата е бесплатна.

Во моментов, паркинг во Штип се наплаќа на 700 паркинг места во градот.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.