Рутинска сообраќајна контрола открила пиштол во ранец на жител од Штип

0

Рутинска сообраќајна контрола открила пиштол во ранец на жител од Штип. Станува збор за пиштол, куфер за пиштол, четка и шипка за чистење, две рамки и три куршуми од по 9мм. Истите биле уредно спакувани во ранец и небрежно оставени на задното седиште од автомобил.

Намерата на возачот биле пиштолот да го засолни на сигурно, а потоа веројатно и да го продаде на црно или да го сочува за себе.

Но, плановите му ги расипала полицијата, која го сопрела за сообраќајна контрола, а неговото сомнително однесување, ги навело на претпоставка дека тој нешто крие, по што е извршен и претрес на возилото.

Сомевањата се покажале како точни, а претресот на виделина го извадил пиштолот, за кој подоцна е утврдено дека претходно бил украден.

Пиштолот е задржан како доказен материјал и по завршување на делото, веројатно ќе биде вратен на сопственикот, а лицето кај кого е пронајдено, 29-годишник  од Штип, од денес е  со кривична пријава од полицијата за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“.

Дополнително треба да се утврди дали пиштолот го украл лично или на црно го купил од друго лице и со која цел го направил истото.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.