СТРАШНО: Ова се најпознатите пророштва на Нострадамус кои се исполниле!

0

Пред 488 години, во Салон-де-Прованс на југот на Франција починал Мишел де Нотрдам, попознат како Нострадамус.

Нострадамус е најпознат како јасновидец, но бил и лекар, козметичар и љубител на астрономијата.

Во 1555 година, Нострадамус ги напишал своите пророштва, кои подоцна станале познати. Многумина сметаат дека пророштвата на Нострадамус се исполнуваат.

Неговото најпознато пророштво е она за трите „антихриста“.

Првиот „антихрист“ се смета дека е Наполеон. Неговото пророштво вели:

„Во близина на Италија ќе се роди владетел чие раѓање ќе го чини целото кралство. Тој ќе биде сметан за џелат повеќе отколку принц.“

Следниот антикрист, кој Нострадамус го нарекол „човек извалкан со убиство и непријател на човековиот вид“, се смета дека е Адолф Хитлер:

„Ќе се роди дете од сиромашно семејство во најдлабоките делови на западна Европа кое со говорот ќе привлече многумина, а неговата слава ќе се прошири во источното царство.“

Третиот антихрист, според некои, е Садам Хусен или Осама бин Ладен бидејќи Нострадамус предвидел дека тој ќе дојде од блискиот исток:

„Наследникот на Мухамед ќе се роди во една арапска земја. Тој ќе влезе во Европа носејќи син турбан и ќе биде ужас за човештвото, најголем хорор дотогаш.“

Нострадамус пишувал и за настан сличен на терористичките напади на 11 септември во 2001 година:

„Небото ќе гори на четирисет и пет степени. Ќе дојде оган во новиот голем град. Оган ќе го уништи новиот голем град. Ќе тече крв и ќе нема милост за никого.“

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb